Четврти чартер-лет од Амстердам до Охрид

Bez autora
Jun 22 2011

Ова барање на „Корендон“ деновиве било проследено до македонскиот партнер, агенцијата „Фибула ер травел“. Дончо Танески од Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) вели дека од 1 јули до 14 октомври од Амстердам за Охрид неделно ќе има по четири чартер-лета. Од октомври, наместо предвидените два, ќе има по три лета. Освен зачестените авиоврски, се зголемува и бројот на гости. Така, од првично најавените 8.500, бројката ќе порасне на 14.000. Се очекува тие да остварат 110.000 ноќевања, што е зголемување за околу 60 отсто. Тур-операторот го зголемува и бројот на фиксен закуп на 10.000 кревети, што ги надмина сите очекувања на охридските хотелиери. Тие велат дека по долги години хотелите летово ќе бидат исполнети со странски гости.

Четврти чартер-лет од Амстердам до ОхридОва барање на „Корендон“ деновиве било проследено до македонскиот партнер, агенцијата „Фибула ер травел“.

Дончо Танески од Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) вели дека од 1 јули до 14 октомври од Амстердам за Охрид неделно ќе има по четири чартер-лета. Од октомври, наместо предвидените два, ќе има по три лета. Освен зачестените авиоврски, се зголемува и бројот на гости. Така, од првично најавените 8.500, бројката ќе порасне на 14.000. Се очекува тие да остварат 110.000 ноќевања, што е зголемување за околу 60 отсто.

Тур-операторот го зголемува и бројот на фиксен закуп на 10.000 кревети, што ги надмина сите очекувања на охридските хотелиери. Тие велат дека по долги години хотелите летово ќе бидат исполнети со странски гости.

- Барањето на холандскиот тур-оператор за нови соби под исти услови за уште еден лет пријатно н` изненади. За нас тоа значи многу и ни влева доверба дека добро сме ја завршиле нашата работа. Партнерот „Корендон“ е високопрофесионален, а и имаме македонска агенција која знае да спакува добар туристички производ. Најважно е дека граѓаните од регионот добро ги примиле гостите и претпоставуваме дека тоа ни го носи четвртиот лет, кој се надеваме дека ќе се полни, па следната година ќе имаме пет или шест лета - изјави Танески.

Хотелиерите се оптимисти дека добрата продажба на Охрид на пазарот во земјите од Бенелукс ќе резултира со потпишување нов договор со тур-операторот „Корендон“ за фиксен закуп на капацитети во Охрид и во Струга за период од три години.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik